Утринава двајца полицајци и нивнниот командир на кој им избега затвореник осуден на 20 годишна казна се спроведени во затворот во Шутка, по распитот во Кривичниот суд на кој било утврдено дека тие можат да избегаат.



Поранешен осуденик бил командир ноќта кога избега затвореник

Третиот полицаец е на лекување од прострелна рана на Караил, додека за 4-от нема податоци.

Исто така било констатирано дека постојат индиции кои укажуваат дека му помогнале на затвореникот Беким Мемети да избега, бидејќи биле направени голем број пропусти во процедурата при спроведувањето на затвореникот

Во меѓувреме, полицијата распиша меѓународна потерница за затвореникот Беким Мемети, 36-годишник од Тетово, и непознатите лица во сивото Ауди со кое прво му го попречиле патот на затворското комбе а потоа го грабнале бегалецот..

Мемети требало до 2040 година да биде во затвор за убиство и поседување дрога.