Поради злоупотреба на службената положба и овластување, Судот му определени 30 дена притвор на екс-градоначалникот на Општина Демир Капија, Трајче Димитриев (61).
Како што соопшти Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Димитриев и уште три лица се под истрага под сомнение дека со незаконски дејства сториле кривични дела со кои е предизвикана штета на буџетите на општината и на Република Македонија во висина од 15,5 милиони денари, пренесува „Макфакс“.





