Сите 105 уапсени по жестокиот уличен конфликт меѓу навивачките групи пред стадионот на АЕК во Атина, во кој беше убиен 29-годишниот Михалис Кацурис, добија притвор, јавуваат грчките медиуми.
Атина: Загина навивач на АЕК во тепачка со навивачи на Динамо од Загреб
Вчера беше изречен притвор за последните 33 обвинети кои ја признаа вината со што заврши истражната постапка, а уапсените ќе бидат ставени во 16 различни затвори на грчка територија, објави грчкиот портал sdna.gr.
Навивачката група на Динамо, „Bad Blue Boys” (BBB), со кои имаше и дел од навивачите на атински Панатинаикос, во понеделникот вечерта во голема тепачка се судрија со навивачите на АЕК.
Група од 98 хрватски државјани се товарат за 11 кривични и прекршочни дела, а посебен акцент е ставен на истрагата за убиството на 29-годишниот навивач на АЕК, за што се осомничени Хрват, Албанец и тројца Грци. На сите им е одредена мерка притвор.
Група родители и членови на семејствата на навивачите на Динамо, приведени во Атина по убиството на 29-годишниот Грк, синоќа апелираа и до премиерот Андреј Пленковиќ, од кого побараа да го искористи неговото политичко влијание за да се обезбеди нивната безбедност и правично судење.
Порталот Индекс.хр, вчера започна анкета со прашање „Дали ‘BBB’ заслужуваат да завршат во грчки затвори?“.
Во текот на ноќта анкетата ја пополниле над сто илјади читатели.
Од нив, 71 отсто сметаат дека „ВВВ“ заслужуваат да завршат во грчките затвори, додека 29 отсто сметаат се изјаснија со „НЕ“.

Инаку утре, 15 август 2023 година, со почеток во 20:00 часот во Загреб, на Градскиот стадион Максимир, ќе се одржи меѓународен фудбалски натпревар за квалификациите за Лигата на шампионите на УЕФА помеѓу Динамо и АЕК.
Натпреварот е прогласен за натпревар од висок ризик и соодветно полицијата ќе ги преземе сите безбедносни мерки во текот на денот со доволен број полицајци.
Со одлука на УЕФА забранета е продажба на билети на гостински навивачи…







