Притисокот врз судии на Врховниот суд поради кој интеревенирала амбасадорката Ангела Агелер го правел висок владин функционер кој има блиски односи со американската амбасада и често пати се слика со амбасадорката.
Ова го тврдат членови на Врховниот суд кои веќе не можеле да го издржат притисокот по што преку политичкиот оддел на амбасадата барале помош за да се справат со притисокот од владиниот функционер.
Expres.mk минатиот викенд објави дека Агелер заминала на средба во Врховниот суд на барање на членови највисокиот суд.
Потоа Телевизија ја искористи оваа информација на expres.mk и крајно непрофесионално без да го цитира текстот на expres.mk упати барање за потврда од американската амбасада.
,,Мешањето на приватни лица или јавни функционери во судските процеси не смее да се толерира од оние во судството, од владата или од народот на оваа земја. Надворешното влијание ја нарушува вербата на јавноста во македонските институции и функционери. Правдата мора да биде транспарентна – граѓаните на оваа земја не заслужуваат ништо помалку, се вели во пишаниот одговор од амбасадорката на САД, Анџела Агелер, по барање од ТВ Сител во врска со информации објавени во expres.mk дека „амбасадорката Агелер била во посета на Врховниот суд по барање на судии кои биле под жесток притисок од владата и барале заштита од политички реваншизам“.
Последната реченица која ја цитираат Сител и сите други медиуми е објавена од expres.mk уште минатата сабота но ниту Сител ниту другите медиуми кои ја пренесоа оваа информација не објавија дека оригиналната информација е на expres.mk што е срамно за новинарите кои ја пренесоа веста.
„Ми беше задоволство да се сретнам со главниот судија на Врховниот суд и со другите судии и да ги слушнам нивните забелешки и грижи. Судиите во кој било суд и во која било земја мора да носат одлуки врз основа на законот и без мешање“, е ставот на амбасадорката Агелер.
Како што беше објавено на фејсбук страницата на Амбасадата на САД во Скопје, амбасадороката Агелер се сретнала со судијката на Врховниот суд, Беса Адеми, за да разговараат за важноста на независноста и транспарентноста на судството.
„Таа, исто така, имаше можност да се сретне со судиите на Врховниот суд и да го повтори нашиот заеднички интерес за зајакнување на владеењето на правото и борбата против корупцијата. Соединетите Држави секогаш ќе бидат тука да го поддржат владеењето на правото и да работат заедно за да се постигне просперитетна и безбедна Северна Македонија“, беше објавено е на Фејсбук профилот на Амбасадата на САД во Скопје по средбата со судиите.
Во официјалниот одговор од амбасадата индиректно се потврдува дека Агелер заминала на средба во Врховниот суд за да спречи политички притисок но ниту амбасадата ниту владата не откриваат кој е тој што вршел притисок врз судиите што предизвикува нервоза меѓу судиите во врховниот суд затоа што човекот кој го предводел притисокот врз Врховниот суд е близок на Агелер.
Веднаш по посетата на Агелер на судот адвокатот кој ја поднесе претставката за укинување на аболицијата од претседателот Иванов истата ја повлече со што судот сега нема можност да одлучува по неа што се смета за тактички потег и се остава можност таа пак да биде поднесена ако владата успее да ги стави под контрола судиите во Врховниот суд.
Целта на притисокот од владиниот функционер врз Врховниот суд, според судии, била судот да ја уважи претставката со што ќе се олеснеше враќањето на Никола Груевски во земјава.
Оригиналната информација на expres.mk од саботата.
Посетата на Агелер на Врховниот суд се случила на барање на судии под жесток притисок од владата
Продолжува!






