Притисокот од САД и ЕУ врз Бугарија за ветото за Македонија работи за руските интереси, смета Џамбаски?!

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски со оригинално, досега нечуено толкување на последиците од зголемениот притисок, според него, на САД и на Европската унија врз Бугарија да го симне ветото за евроинтеграцијата на Македонија.



„Притисокот врз Бугарија доаѓа од западните земји и од САД, а тој треба да биде обратен – тие треба да ја натераат РС Македонија да ги почитува договорите за да може да почне преговори за влез во ЕУ. Парадоксално, таквото однесување на САД и на ЕУ работи за руските интереси. Договорот треба да се почитува, а не се почитува од Владата во Скопје. Во учебниците, медиумите, политичарите продолжуваат со јазикот на омразата против Бугарија. Тоа не се променило“, изјави тој за бугарската телевизија Нова њуз.

Според копретседателот на вонпарламентарната ВМРО-БНД, една од задачите на сегашната влада во Бугарија била да ја предаде позицијата на земјата, „но тие можеби сфатиле дека ќе настрадаат многу“.

„Ако бугарската влада се свитка, ќе се скрши. Оваа влада ја предводи Нинова, а Демократска Бугарија ѝ служи на БСП. Ако се смени ставот на Бугарија за Северна Македонија, Владата паѓа“, уверува Џамбаски.