Притиснат од критики, Маск ги врати блоикираните профили на новинари

Илон Маскг„ги врати“ профилите на Твитер на неколку новинари кои беа суспендирани на еден ден , пренесува „Франс прес“.



Деблокирањето на акаунтите дојде откако нивното суспендирање наиде на остри критики од владини претставници и новинарски организации од различни делови на светот.

Меѓу обвинувањата беше дека платформата за микроблогирање ја загрозува слободата на печатот.

Резултатите од анкетата на Твитер што Маск ја спроведе вчера покажаа дека мнозинството од испитаниците сакале веднаш да се вратат профилите на новинарите.