Пристигна бугарската донација од над 50.000 дози „Фајзер“

Донацијата од над 50.000 вакцини „Фајзер“ од Бугарија, пристигна вчера, соопшти утрово на Твитер шефот на дипломатијата Бујар Османи.



„Вакцините веќе се дистрибуирани и подготвени да се употребат. Значаен гест на пријателство и солидарност“, напиша Османи.

Бугарското Собрание на 8 септември ја одобри донацијата од над 50.000 вакцини за Северна Македонија.

Рокот на вакцините истекува на 30 септември.