Косово најави дека ќе побара од Вашингтон да постави постојана воена база на нејзина територија, повикувајќи ги САД и нивните сојузници да ја прифатат кандидатурата на Приштина за влез во НАТО.
Во моментов, четири членкина Алијансата предводена од САД сè уште одбиваат да го признаат Косово како независна држава.
Во објава на социјалните мрежи вчера, косовскиот министер за одбрана Арменд Мехај тврди дека на Приштина ѝ е „итна потреба“ од „забрзано членство во НАТО и воспоставување постојана база на американските сили“ со оглед на тековниот воен конфликт меѓу руските сили и Украина.
Мехај рече дека постојаното распоредување на американските сили е неопходно за да се „гарантира мирот, безбедноста и стабилноста на Западен Балкан и пошироко“.
„Република Косово и нејзините граѓани, ние докажавме… дека сме достојни борци во одбрана на евроатлантските вредности на слободата, мирот и демократијата, вредностите на кои стои НАТО и неговата мисија“, напиша Мехај.
Министерот за одбрана тврди дека сега е време оние земји-членки на НАТО кои досега не сакаа да го признаат Косово, имено Грција, Романија, Словачка и Шпанија, да го сторат тоа. „Не двоумете се повеќе! напиша Мехај.






