Припадник на МВР вечерва можеше да го убие ракометниот репрезентативец Филип Талевски.
За време на инцидентот по мечот Еурофарм Пелистер – Вардар за купот на Македонија во Охрид припадник на МВР во метежот со пендрек го удира Талевски по глава.
Полицаецот доаѓа од страна на местото каде што веќе има повеќе полицајци кои преземаат активности за смирување на состојбата и со агресивен зафат се обидува да го удри Талевски по глава со пендрек.
За среќа најверојатно полицаецот не успева да го удри ракометарот на Вардар со смртоносна сила и со целиот пендрек.
Директен удар со ова полициско помагало по глава на било кој човек може да предизвика тешки телесни повреди па дури и смрт.
На потег е министерот Спасовски и службата за внатрешна контрола при МВР која мора да поведе постапка против полицаецот кој немаше никаква причина за употреба на несразмерно сила против Талевски кој можеше да биде убиен.
Како може џандар да мава со пендрак по спортист и репрезентативец на Македонија pic.twitter.com/Z4m5dmEv2l
— Венерин бреговиЧ (@VenerinBregovic) May 13, 2023
Видео од настанот и на линкот на Богдан Илиевски






