Припадниците на Армијата од ноември ќе добијат зголемување на платата во висина од 2.000 денари. Односно со октомвриската плата која што ќе се исплати во ноември припадниците на Армијата ќе добијат покачување на основната плата од 2.000 денари.



Покачување на платите е резултат на постигнатата согласност на министерката за одбрана Славјанка Петровска со претставниците на Синдикатите во Министерството и Армијата, во пресрет на усвојувањето на Законот за служба во Армијата.

 „Армијата е гарант за безбедноста на секој граѓанин и затоа и за мене како министерка и за Министерството, унапредувањето на положбата на секој армиски припадник останува приоритет”, рече министерката на вчерашната средба во Министерството за одбрана со првите луѓе на четирите синдикати во Министерството и Армијата .