Војводата и војвотката од Сасекс станаа родители, откако утрово им се роди син.
Меган и Хари добија машко бебе, јави Гардијан, повикувајќи се на извори од Бекингемската палата. Најмладиот припадник на британската кралска фамилија е седми по ред на тронот и осми правнук на кралицата Елизабета.
Принцот Хари бил присутен на раѓањето, кое се случило денеска, во 5.26 часот.





