Принцот Алберт од Монако, прв шеф на држава со коронавирус

Принцот Алберт од Монако бил позитивен на тест за коронавирусот, соопшти денес кралската палата.



Властите во малото кнежество соопштија дека 62-годишниот владетел бил тестиран на почетокот на оваа недела.

Со ова, тој е прв шеф на државата во светот кој е заразен со вирусот.

Од палатата изјавија дека здравјето на принцот Алберт „не е загрижувалка“, а тој продолжува да работи од неговата приватна резиденција, пишува „Дејли мејл“.