Примирје во Газа, попладне почнува ослободување на заложници

Нема извештаи за бомбардирања, артилериски напади или ракетни напади откако Израел и Хамас утрово го започнаа четиридневниот прекин на огнот во Газа, прва пауза во 48-дневната војна што ја опустоши палестинската енклава.



Примирјето започна во 7 часот наутро по локално време, и вклучува сеопфатен прекин на огнот во северна и јужна Газа, јавува Ројтерс.

Во 16 часот по локално време ќе почне да пристигнува дополнителна помош во палестинската енклава и ќе бидат ослободени првите заложници.

Хамас, за почеток, ќе ослободи 13 израелски жени и деца заложници од милитантите.

Во замена се очекува да бидат ослободени голем број палестински затвореници во израелските затвори.

Договорот предвидува вкупниот број на ослободенио заложници за време на четиридневното примирје да достигне 50, изјави портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи.

Тој додаде дека Израел, од своја страна, се согласил да ги ослободи палестинските затвореници.