Примила „АстраЗенека“ во Србија, 28 годишна девојка примена во болница

Дваесет и осум годишна девојка се лекува во болница поради тромботична реакција после примена вакцина против ковид-19 во Србија, информираше денеска министерот за здравство Венко Филипче.



„Кај нас има регистриран досега еден случај на девојка која што има 28 години и од вчера е на болничко лекување поради тромботична реакција кој што се поврзува со вакцината „АстраЗенека“. Реакцијата е по  6-7 дена откако се вакцинирала  во Србија“, кажа Филипче.

Неколку илјади граѓани примија викендов вакцини „АстраЗенека“ во Србија, а вчера, премиерката на Србија Ана Брнабиќ изјави дека доколку не понудиле солидарност на граѓаните од соседството да се вакцинираат во Србија, ќе трабало да се фрлат 20 до 25 илјади вакцини чиј рок истекува во април..

Денеска во земјава почнува масовната вакцинација со оваа вакацина, за лица над 77 години во 12 градови во земјава.