Примил повеќе ваучери отколку што имал легла

По сторијата на Алсат М, дека е отворена „берза“ со туристичките ваучари што државата им ги додели на граѓаните, државниот пазарен инспекторат ги испитува злоупотребите.



„Имаше ситуации каде сопственикот имал осум апартмани, кои може да ги издава за туристи, а во исто време на списокот беа откриени 10 ваучери“, вели Стојко Пауновски во изјава за ТВ-Алсат.

Првиот човек на пазарниот инспекторат вели дека неправилности се забележани во Охрид и Струга и дека случаите се испитуваат.

Според ТВ Алсат на специјализираните интернет-страници за продажба овие ваучери се нудат за цени од по 3.000 и 4.000 денари, а има и такви кои продаваат и по два ваучери.