Што бараат членови на полициската ХХХ група преку која се давале наредби за предизборен прогон на новинари и граѓани во Битола во иста кафеана со новинари кои беа прогонувани од истата група.
“Ванеса Колашинац од ПС Прилеп и Трајан Комициоски (командир на сообраќајна од Прилеп), седнати на соседната маса, во мисија да ги следат новинарските екипи на Иннфомакс во Битола.
И Колашинац и Комициоски се дел од скандалозната Вибер група „ХХХ“ во која за време на првиот круг се договараше поткуп во Прилеп, спречување на активностите на опозицијата и изживување врз новинарите на Инфомакс.
Чисто вака, да ги поздравиме…”, пишува уредникот на порталот Александар Митовски за средбата со полицајците кои пред првиот изборен круг биле дел од криминална група која малтретираше новинари.






