Прилепчанец возел со 4,55 промили алкохол во крвта

На возач од Прилеп, кој вчера бил запрен од сообраќајната полиција во Македонија, му биле измерени рекордни 4,55 промили алкохол во крвта.



Ова дефинитивно е македонски рекорд во измерени промили на алкохол во крвта.

Според досегашните сознанија, најголемото количество алкохол во крвта кај учесник во сообраќајот измерено со дрегер изнесувало 4,26 промили, на 11 октомври 2021 година.