Прилепчанец доби кривична поради коментар на социјална мрежа

Прилепчанец доби кривична поради коментар на социјална мрежа

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.К.(56) од Прилеп, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.



Тој, на објава на еден портал на социјалната мрежа Фејсбук, напишал коментар со недолична содржина со кој ширел говор на омраза.