Приказната на Геро за рекетарот Коки доби „среќен крај“

Не стивнуваат реакциите на социјалните мрежи по денешното апсење на еден бизнисмен со прекар „Боки 13“ кој се претставува за сопственик на една ТВ, со оставката на шефицата на СЈО, со познато име Катица Јанева.



Првиот како „првоосомничен“, што би рекле од ОЈО од каде водат сметка за „презумцијата на невиност“ , утрово бил уапсен со уште еден осомничен од ОЈО на граничниот премин Богодородица под сомневање дека рекетирале бизнисмен за 5 па дури 8 милиони евра за да изнудат поблага или ослободителна пресуда.

Не е објавено ни името на на обвинителот, поради „презумција на невиност“.