Пријави за бомби во „Никола Карев“, „Панче Арсовски“, „Владо Тасевски“ и „Јосип Броз Тито“

Утрово по 9.30 часот анонимни пријави за поставени бомби се упатени во четири средни скопски училишта. Заканите ги потврди и МВР. МКД.мк дознава дека закани се пристигнати во гимназиите „Јосип Броз Тито“, „Никола Карев“, како и во средните училишта „Панче Арсовски“ и „Владо Тасевски“-ПТТ.



Во училиштата се пристигнати полициски тимoви за антитероризам, се проверуваат просториите во зградите и во дворовите, а учениците излегоа од училиштата.

Закани со боmби во скопски средни училишта имаше и во изминатите две недели, а полицијата работи на утврдување на идентитетот на испраќачот или na испраќачите на заканите.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска оцени дека пријавите за поставени бомби се дел од стратегијата за хибридни напади врз земјава и врз други држави од регионот.