Уште на 13 декември била доставена пријавата до ОЈО Скопје за несоодветно третиран медицински отпад по контрола направена на три дена претходно, но од Обвинителството тврдат дека пријавата не била поткрепена со материјални докази, па сега се чека тие да се приберат.



„Со оглед на тоа што пријавата не беше поткрепена со други материјални докази, надлежниот јавен обвинител веднаш истиот ден издаде наредба до СВР Скопје за да се направат неопходни проверки со кои ќе се обезбедат докази за утврдување на фактите и за проверка на наводите во пријавата“, велат од Обвинителството пренесе „360 степени“.

Кога ќе ги добијат сите известувања, Обвинителството ќе реши дали и како понатаму ќе се води случајот.

Градоначалникот Петре Шилегов денеска го впери прстот кон нив велејќи дека 50-ина дена по пријавата немаат никакви информации.

Телма“ дознава дека битолската фирма „Еко клуб“ ги игнорирала процедурите и доставувала опасен и заразен материјал до депонијата „Дрисла“ за да биде изгорен. Сопственик на фирмата е локалниот бизнисмен и почесен конзул на Унгарија, Сашо Јанакиевски.