Пријателката на Македонија, Петир, за малку извиси за Европски парламент

Иако нејзината независна „Листа 21“ освои дури 47.112 гласа и остави зад себе етаблирани партии во Хрватска, пријателката на Македонија и европратеничка Маријана Петир за малку не го помина изборниот праг од пет проценти и нема да биде дел и од новиот состав на Европски парламент.



„Ви благодарам од срце за секој глас што денеска го дадовте за ‘Листа 21’. За жал, не освоивме мандат во ЕП, но ја покренавме Хрватска. Бевме многу блиску до изборниот праг. Ние сме морални победници на овие избори“, изјави основачката и шефица на Група пријатели на Македонија во Европски парламент до смената од Владата на Заев во февруари минатата година.