Пријател го издал Чавков дека ќе бега!?

Митко Чавков имал вила на Халкидики, а според близок пријател на неговото семејство, тој таму планирал да избега пред да му биде изречена пресудата за 27 април во петок.



„По остварена средба со близок пријател, подносителот на службената белешка добил инфорамција дека обвинетиот во случајот за „27 април“, Митко Чавков, поседува вила на Халкидики Р. Грција, каде истиот планира, пред да биде изречена пресудата во петок (15.03.2019 година), да ја напушти државата, односно да се даде во бегство, при што се напоменува дека пријателската врска е во многу блиски релации со семејството на обвинетиот“, стои во решението на судот со кое се уважува барањето на Основното јавно обвинителство да биде определена мерка притвор, јавува „Фокус“.

Чавков вчера попладне беше приведен и однесен во Шутка.