
Евгениј Пригожин, водачот на приватната воена копанија „Вагнер“ денеска преку видео објава порача дека по 224 дена борби Бахмут целосно паднал во руски раце.
Според него, точно во 12 часот биле ослободените последните реони во западниот дел на градот и сега тој се наоѓа под контрола на руските сили.
Украинската војска го отфрли неговото тврдење. Портпаролот на украинската армија за британски „Скај њуз“ изјави дека тоа не е вистина и дека во Бахмут се уште траат тешки борби.





