Пригожин под „цензура“ во руските медиуми

Основачот на руската приватна армија „Вагнер“ Евгениј Пригожин се пожалил дека високи функционери на Кремљ ги забраниле извештаите за него во државните медиуми, пренесува „Ројтерс“.



Тој предупреди дека таквиот погрешен пристап ќе доведе до реакција од рускиот народ за неколку месеци.

Пригожин стана популарен во 15-месечната војна во Украина.

Борците од неговата група Вагнер го зазедоа украинскиот град Бахмут претходно овој месец, но неговата улога во победата беше минимизирана од државната телевизија, се жали шефот на „Вагнер“.

Пригожин (61) се прослави со наметнување брутална дисциплина врз своите платеници и употреба на гнасни зборови и затворски жаргон кон највисокото воено раководство на Путин, вклучувајќи го и министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

Запрашан за наводната забрана за покривање на државните медиуми, Пригожин употреби голем број руски поговорки за да ги исмева одговорните за наредбата:

„Забрането е секогаш послатко“. „Вагнер“ не е лизгавиот сапун што бирократите се навикнати да го туркаат насекаде; „Вагнер“ е шило, сечило што не можеш да го сокриеш“, истакна тој и додаде дека е апсолутно убеден дека неговото покривање во медиумите е забрането.

„Фактот што високите бирократи, овие кули на Кремљ, се обидуваат на сите да им ја затворат устата да не зборуваат за „Вагнер“ само ќе им даде на луѓето уште еден притисок велки Пригожин.

Кремљ и Министерството за одбрана ги игнорираа(т) испадите на Пригожин, кои, се чини, дека ги кршат правилата на строго контролираниот политички систем што Путин го создаде откако ја презеде главната функција во Кремљ во 1999 година.