Јавната здравствена установа Општа Болница Охрид попладнево упати драматична порака до јавноста.
Во неа меѓу другите информации се вели дека медицинскиот персонал е при крајот на силите.
“❗️94 заболени.
❗️Повеќето со потешка клиничка слика.
❗️110 боци за кислородна поддршка потрошени се за 24 часа.
❗️Здравствените работници се на работ на силите.
Бидете дома, бидете присебни, бидете одговорни.
За живот се работи !”, пишува во пораката од ЈЗУ Општа Болница Охрид која ги вознемири Охриѓани и жителите на поширокиот регион кој гравитира кон оваа здравствена установа.
https://www.facebook.com/187751751255215/posts/4151173808246303/





