Нешто повеќе од една третина од германските возачи планираат да го остават својот автомобил дома поради огромниот скок на цената на горивото на бензинските пумпи, пренесува агенцијата DPA.
Анализата на YouG откри дека 22,9 отсто од возачите веќе го прават тоа, додека други 12 отсто имаат намера во иднина да возат помалку о иднина.
Главниот фактор се парите: 49 отсто од испитаниците изјавиле дека сакаат „да ги тргнат нозете од гас“ за да „заштедат пари“.
Според резултатите од истражувањето, три четвртини од испитаниците велат дека донекаде зависат од својот автомобил, делумно поради немањето опции во јавниот превоз.
Околу половина од возачите користат автомобил најмалку пет пати неделно.
Војната во Украина донесе скок на цените на горивата на невидени нивоа во Германија, потсетува агенцијата, бидејќи бензинот во моментов чини во просек 2,09 евра за литар, а дизел горивото е 2,26 евра. Blic.rs






