Грчката конзервативна влада денеска го преживеа, како што се очекуваше, гласањето за недоверба на левичарската опозиција во врска со скандалот со прислушувањето насочен кон политичарите, армискиот врв и новинарите, јави Катимерини.
Владата негираше каква било злоупотреба или свесно некого прислушувала.
Со 143 гласа „за“ и 156 „против“, грчкиот Парламент го отфрли предлогот на опозициската СИРИЗА за недоверба на актуелната Влада.
За пад на Владата на Мицотакис, потребно беше предлогот на СИРИЗА да добие гласови од најмалку 151 од вкупно 300 пратеници во Парламентот.
Владејачката Нова демократија има 156 пратеници и сите беа против предлогот за недоверба на Владата.
Поради скандалот со прислушувањата во земјата, лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас, во средата достави предлог за гласање недоверба на Владата, јави МИА.







