Јарек Бус, економски директор во Амбасадата на САД во Македонија очекува да заврши полтронството на македонските политички партии и почеток на нулта толеранција за корупција во Макеоднија.
Според Бус, инвестицискиот скрининг е преземање одговорност за иднината и кога тој ќе се имплементира успешно, ќе покаже одлучност за приоретизирање на долгорочниот просперитет наместо краткорочната удобност, а истовремено преставува знак за политичка зрелост и одговорно владеење.
„Тоа го очекуваат граѓаните на С. Македонија и тоа го заслужуваат. Тие сакаат нулта толеранција на корупција и крај на полтронството на политичките партии. Прогресот е долг пат. Иако не постои единствено магично решение, сакам да потенцирам дека институциите се од клучна важност. Силни и независни институции ќе бидат отпорни на оние кои што сакаат да го злоупотребат системот. Борбата против корупција почнува со посветеност од горе надолу и со нулта толеранција за злоупотребување на системот“, изјавил Бус на настан на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ кој пред три дена ја организираше конференцијата „Промовирање на конструктивен капитал во с. Македонија“ во хотел Хилтон во Скопје.
Конференцијата е завршен настан на проектот Адресирање на корозивниот капитал во Северна Македонија, поддржан од Центарот за меѓународно приватно претпријатие (CIPE).
Покрај Бус настанот го отвориле и Ивана Најдоска, програмски директор во Институт за демократија и Џон Кај, програмски офицер за Европа и Евроазија во Центарот за меѓународно приватно претпријатие (CIPE).
Најдоска рече дека воспоставувањето на Механизмот на странските директни инвестиции е од големо значење, особено сега кога се случува војна на европскиот континент, кога на сила се санкции на западните земји, ЕУ вклучително и С. Македонија, кон Русија.
„Сепак уште поважно е како тој ќе се имплементира бидејќи од инструмент за заштита на стандардите на македонскиот пазар може лесно да стане инструмент за корупција“, истакна таа.
Говорејќи за корозивниот и конструктивниот капитал, Кај потенцираше дека корозивниот капитал се инвестиции на кои што им недостасува транспарентност, отчетност и добро владеење и има ефект на подривање на владеење на правото во земјата.
„Македонската географија и политичка положба може да претставуваат вистинска можност да се привлечат конструктивни инвестиции во економијата“, смета тој.
Целата информација на овој ЛИНК





