Претставници на Македонците од Бугарија ќе имаат средба со Пендаровски

Претседателот на Македонија Стево Пендаровски ќе прими Maкедонците кои живеат кај источниот сосед. Се уште не е утврден точниот термин за средба.



Ова е позитивен чекор од страна на шефот на државата конечно да се информира и загрижи за нашето малцинство во Бугарија. 

ОМО Илинден Пирин“ пред судот за човекови права во Стразбур има добиено десетина пресуди против држава Бугарија но таа одбива да ги спроведе.

Од вкупно 16 добиени пресуди за кршење на правото на слободно здружување на Македонците во Бугарија, 11 се на ОМО „Илинден Пирин“. Првата пресуда оваа организација ја добила пред Стразбур во 2001 година. Ниту неа, ниту последвателните 10 добиени пресуди, Република Бугарија ги спреведе до денеска! А ни останатите 5 што ги добиле „Македонскиот клуб за етничка толеранција во Бугарија“ и други подносители на тужби за кршење на човекови права од страна на бугарските власти.

Бугарија не признава постоење на македонско малцинство, но инсистира, како еден од условите да ја повлече блокадата на Македонија во ЕУ, „бугарите’ од Македонија да влезат во македонскиот устав..

Селеации на македонските Бугари во неколку наврати бараа „заштита“ од Бугарија на директни средби со Румен Радев.