Претставен составот на новата бугарската влада – ќе добие ли поддршка

Пламен Николов, кандидатот за премиер од редовите на „Има таков народ“ денеска точно во 17 часот, пред истек на законскиот рок, му го претстави составот на новата бугарска влада на претседателот Румен Радев.



Составот на владата во последен момен е комплетиран откако Момчил Иванов се откажа местото министер за правда и на негово место е предложен пратеникот Иво Атанасов, адвокат од партијата ИТН.

На прашањето до кое ниво се разговорите околу поддршка од другите партии на предложената влада, заменикот претседател на ИТН, Тошко Јорданов со одговор:

Ја знаете онаа за крчмарот и сметките. Кога претседателот ќе издаде декрет, тогаш ќе биде јасно колку гласа, кој, каде и како ќе гласа. Јасно е дека очекуваме поддршка од „Излези БГ! Доаѓаме “и „Демократска Бугарија“, но и од БСП.

Ако сакаат нови избори, тие едноставно нема да го поддржат кабинетот, ова е демократија“, додаде Јорданов.

Сметките околу изборот на нова влада може да ги помати втората по број на пратеници партија, ГЕРБ на Бојко Борисов…