Претседавачот со ЕУ во Скопје ја третира Македонија како регистерска табличка (ФОТО)

Амбасадата на Република Чешка во Скопје за време на викендот почна да комуницира со јавноста преку свој нов профил на социјалната мрежа Твитер.



Чешка од први јули до 31 декември е претседавач со Европската унија и се очекува да биде главниот дипломатски канал за надминување на спорот меѓу Македонија и Бугарија.

Преку новиот твитер налог Чешка која важи за земја пријател на Македонија веднаш ги навреди Македонците и ги прекрши правилата според кои треба да се означува државата.

Во името на профилот на Твитер Чешка ја користи кратенка NMK иако и според официјалните позиции на владата и според Преспанскиот договор кратенките за Македонија и по промената на името треба да биде МК или МКД.

,,Како претседавач со Советот на ЕУ, ние сме подготвени да дадеме се од себе да придонесеме за непречено спроведување на преговарачката рамка предложена од француското претседателство и да организираме Меѓувладина конференција веднаш по нејзиното одобрување од РНМ”, пишува во твитот на Чешката амбасада.

Според правилата и Преспанскиот договор кодот НМК се користи само за регистерски таблички на возила.