Претседателот Пендаровски кој тврди дека странски служби сакаат да му урнат рејтингот, а кој на последната релевантна анкета на Маркет Вижн доби 0,2 % поддршка, доживеа дебакл на социјалните мрежи.
За својот последен статус на социјалната мрежа Твитер имаше само 10 лајка за првите 3 часа, или по 1 допаѓање на секои 18 минути.
Овие бројки споредбено се добри само за премиерот Ковачевски или вицепремиерот Маричиќ кои понекогаш имаат и помалку лајкови.
Пендаровски во твитот поставува чудна теза според која македонците опстанале затоа што биле Македонци кои говорат македонски јазик.
Јасно е дека наспроти глобалните процеси кои од мноштвото сакаат да направат едно, сепак, на овој свет опстојуваме најмногу затоа што сме Македонци кои зборуваат на македонски јазик. pic.twitter.com/jYYkTJjMrg
— Stevo Pendarovski (@SPendarovski) July 1, 2023







