Претседателот Стево Пендаровски со сопругата ќе присуствуваат на државниот погреб на Кралицата Елизабета Втора, соопшти Кабинетот на претседателот на државата.
МНР вчера соопшти дека покана за присуствуво на државниот погреб на Кралицата Елизабета II доби Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски заедно со Првата Дама, Елизабета Пендаровска, кои веќе потврдиле присуство. Погребот на Кралицата Елизабета Втора ќе се одржи на 19 септември 2022 година (понеделник) во Лондон.







