Безбедносните структури утврдиле дека претседателот на Собранието Јован Митрески, треба да продолжи да живее во Струга од каде што секој ден патува на работа за Скопје, а вечерта назад за Струга.



„Тоа е проценка на безбедносните структури, затоа што обезбедувањето на претседателот на Собранието бара посебен ангажман.

Разговарав тоа да биде минимално можно, меѓутоа нивна одговорност е и не би сакал да наштетам, да не им го загрозам лебот што го заработуваат. Оставам на нивната проценка како треба да се одвива таа работа. Да, тешко ми е патувањето, меѓутоа останува на нивната проценка. Патувањето од Струга до Скопје е некаде еден час и 45 минути“, вели Митрески во интервју за 360 степени.