По скандалозното доделување на специјално признание на екс премиерот Заев за развој на спортот на настан на кој се наградуваат жени, првиот човек на Македонскиот Олимписки комитет Даниел Димевски остана без објаснување што точно сторил Заев за спортот.
Димевски не кажува дали заслугите на Заев се во тоа што му помогна да биде избран на претседтел на МОК или тајно направил нешто друго за кое никој не чул.
Димевски предходно беше советник за спорт во кабинетот на Заев.
По добиената лажна награда – признание се јави и Заев да се фали со неа, без притоа да каже што точно направил за македонскиот спорт.
,,Во рамките на настанот „Златна Олимпија“ која се одржа во Скопје, а на која беа доделени награди за најуспешните жени во спортот за 2022 година, Директорот на Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“ Зоран Заев доби специјално признание за исклучителен придонес за развој и афирмација на спортот од Олимпискиот Комитет на ѕ Македонија.
По неполни два месеца, ова е второ „спортско“ признание кое го добива директорот на нашата фондација, откако на Самитот на спортските новинари од Југоисточна Европа – „Спортот за државата, државата за спортот“ доби плакета за посебен придонес во афирмирањето на спортот, мирот, добрососедските односи и пријателството.
Покрај тоа, со искрена верба за придонес кон развојот на партнерските односи, претседателот на Олимпискиот комитет на ѕ Македонија, Даниел Димески и директорот на Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“, Зоран Заев, потпишаа четиригодишен договор за соработка помеѓу двете институции. Тие ќе соработуваат во организација на заеднички активности за унапредување, поддршка и развој на граѓанското општество, а пред се во областа на културата, спортот, уметноста, јавното здравје, олимписката едукацијата на младите, заштита на животната средина и др”, пишува во соопштението на Фондација Заев.
Дали Димевски со специјалното признание за Заев му враќа на екс премиерот што му беше советник, затоа што лобирал за неговиот избор за шеф на МОК или затоа што од Македонија го избрка рускиот бизнисмен Самсоненко по што пропаднаа и ракометниот и фудбалскиот клуб Вардар треба да објасни претседателот на МОК.
Или Димевски треба да каже што специјално сторил Заев за спортот за да добие признание на денот кога се славеше женскиот спорт.
Срамна политичка одлука на Македонскиот oлимписки комитет за Заев






