Претседателот на ФФМ „леташе орли“ на прославата на титулата на Шкендија!

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, им се придружи во „летањето орли“ на присутните на прославата на четвртата шампионска титула на Шкендија.



Заедно со него орелски лет со рацете импровизираа и газдата на Шкендија, Лазим Дестани, речици целиот тим на тетовските „црвено-црни“, гостите од Косово и пријателите на клубот.

Присуството на прв човек на спортска федерација на приватно клупско славење се коси со начелото за негова неутралност, а со знакот што се смета за симбол на т.н. Голема Албанија се меша политика во спортот, нешто што ФИФА и УЕФА најстрого го забрануваат.

Второто, сепак, не му попречи на речиси половина раководство на ДУИ да се фотографира со фудбалерите на теренот на официјалното предавање на шампионскиот пехар, кој го крена лидерот Али Ахмети?!