Повеќе извештаи во западните медиуми лиферуваа вест дека бразилскиот претседател Жаир Болсонаро е позитивен на новиот коронавирус.
Болсонаро е тестиран поради сомнеж дека е инфициран со Ковид-19, бидејќи минатиот викенд во Палм Бич во Калифорнија, каде бил на вечера со американскиот претседател Доналд Трамп, во неговата делегација се наоѓал секретарот за односи со јавност Фабио Вајнгартен, кај кого вчера е потврдено дека е позитивен на коронавирусот.
„Не сум загрижен“, изјави Трамп за новинарите. Тој се уште не се тестирал за вирусот, дури и откако многу републикански функционери одлучија да се изолираат и да се тестираат , пренесе „Индепендент“.
Од Белата куќа се уште очекуваат потврда од бразилската влада дека претседателот Болсонаро е позитивен на коронавирус.






