Саманта Вол, претседателка на синагога во Детроит, на северот на САД, вчера била пронајдена мртва, избодена со нож пред нејзината куќа, објавија медиумите и полицијата, без да го прецизираат мотивот за убиство.



Кога полицијата и медицинските лица пристигнале на местото на настанот можеле само „да ја прогласат за мртва“, се вели во соопштението на полицијата.

Според Detroit Free Press, на телото на жртвата биле видливи повеќе убодни рани а полицијата вели дека и дека „се уште не е познат мотивот за убиството“.

Таа служела како претседател на Синагогата во центарот на градот Исак Агри од 2022 година.