По наредба на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција утрово бил извршен претрес во фирмата „Инвоука Гроуп“ која победи на тендерот за софтверот за сообраќајни прекршоци поврзан со поранешниот генерален секретар, Драги Рашковски.
Обвинителката Вилма Русковска за Фокус потврди дека се вршат претреси, но не во домот на Рашковски туку во седиштето на фирмата, но и на други места, но не открива во кои.
Основното јавно обвинителството прибира докази во рамки на предистрагата отворена за случајот со софтверот за сообраќајни прекршоци во вредност од 81 000 евра што го набави поранешниот генерален секретар на владата, Драги Рашковски.
Софтверот, Рашковски го купил од „Инвока Гроуп“, наводно за потребите на Министерството за внатрешни работи, иако од МВР тврдат дека ниту знаеле за набавката ниту, планираат да го користат.
Рашковски е сопственик на патент за сличен систем, а случајот го испитува и Антикорупциската комисија.







