Јас сум модерна жена и повеќе би сакала скромна кампања. Искрено, не се чувствувам пријатно по билборди. Сепак, го почитувам членството, јас сум нов човек меѓу тие луѓе“, рече денеска на отворањето на нејзиниот изборен штаб за изборната кампања кандидатката за претседател на државата Гордана Силјановска Давкова.



Таа одново потенцираше дека за еден професор по уставно право правото и правдата, се најважни

„Факт е дека парализирана ни е демократијата…Стотици страници сум напишала за проблемите на македонската демократија и без процедура нема демократија. Јас им верувам на студентите и јас ве заразувам со критичко мислење. Затоа сакам да сум кактус…“- вели Силјановска.