Претпладнево преку Табановце влегле 2.000 луѓе

На граничниот премин Табановце до 10 часот претпладнево во земјава влегле 1.984 лица од кои 1.308 домашни и 676 странски државјани.



Од државата излегле 1.233 патници, од кои 912 домашни и 321 странски државјани.

Синоќа на полноќ стапи во сила владината одлука со која се овозможи влез во земјава без никакви ограничувања.