На почетокот од денешното рочиште за предметот “ТНТ”, кој се однесува на уривањето на комплексот “Космос” на Фијат Цановски, не се појави второобвинетиот Тони Трајковски, поранешен градоначалник на Гази Баба.



Во 8.40 бил доставен поднесок од Јовица Страшковски, адвокат на ексградоначалникот дека вчера бил претепан со видливи повреди на главата и телото. Тој бил пренесен на Ургентниот центар во Скопје, кажа судијата Огнен Ставрев, читајќи го поднесокот на адвокатот, пренесе Алсат М.

Судијата Огнен Ставрев го контактирал докторот кој му рекол дека е во добра општа состојба и на пат е кон дома.

“За 1 час ако не дојде, ќе го приведеме стражарно”, рече судијата и даде еден час пауза.

Утре истекува мандатот на една поротничка во случајот „ТНТ“. Доколу дотогаш нема пресуда, судењето ќе мора да се врати на почеток освен ако не ѝ биде продолжен мандатот на поротничката од страна на Судскиот совет.

Судскиот процес “ТНТ” веќе две години е во судница.