Секторот за внатрешни работи Струмица лиши од слобода 12 лица, меѓу кои и едно малолетно лице од струмичкото село Баница и едно лице од селото Градско Балдовци, откако доцна во петокот во атарот на селото Баница претепале полицаец.
Тие најпрво насилно запреле полициско возило кое било управувано од полицаец од СВР Струмица и кој извршувал службени задачи, по што го нападнале возилото со дрва, бетон и метални предмети.
Следел физички напад врз полицаецот со повеќе предмети.
„Полицискиот службеник се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица. Лицата биле задржани во полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица”, велат од МВР.
Против нив е поднесена кривична пријава.







