Претепан лекар од Тетово, пренесен во Скопје

Лекарот од Тетово, кој бил тешко претепан од пациент, во бесвесна состојба итно е пренесен во Скопје, бидејќи во тетовската болница не работел апаратот за компјутерска томографија, дознава Плусинфо.



„Колегата не беше свесен кога го прегледував, а бидејќи не работеше апаратот во Тетово, мораше итно да биде пренесен во Скопје, каде е задржан на Неврохирургија. Имаше тешки повреди“, рече д-р Сулејман Ордаи, неврохирург во тетовската Клиничка болница.

Од тетовската полиција го потврдија инцидентот, во кој насилник утрово дури двапати се враќал и физички се пресметувал со лекарот – дерматовенеролог.