Жестока расправа е во тек во Комисијата за здравство во Собранието, во која се дискутира за Законот за заштита на населението од заразни болести, пред да отиде на гласање на пленарна седница.
Со измените предвидено е граѓаните да носат маски и на отворено, освен ако не се спортува или ако не се во автомобил сами, да се забрани групирање на повеќе од четворица на јавен простор по 22 часот, како и на домашни прослави и на гости да не можат да присуствуваат повеќе од 4 лица… кои не се од иста адреса.
Пратениците на ВМРО ДПМНЕ побараа одговорност од Минситерот за здравство Венко Филипче зашто сметаат дека мерките се задоцнети сега кога веќе има има околу 30.000 срегистрирани случаи на Ковид-19 далеку од прогнозираните 2.000.
„Нормално е да побараме оставка, имате 1000 починати, џабе лепите стикери ,,слушај го Венко”, ние зборуваме за здравствена криза. Требаше порано да ги донесете мерките кога набавувавте апетисани, бадеми и отваравте фабрики за марихуана. Зошто хронично болните одат на работа ако знаеме дека смртноста меѓу нив е најголема“, рече пратеникот Петар Ристески од ВМРО ДПМНЕ додавајќи дека оваа партија бара да се формира нова Комисија за заразни болести зашто од тековната се незадоволни.
Министерот Филипче му одговори на Ристески, дека единствен поголем грев од Скопје 2014 е одолговлекувањето дискусијата за Законот.
„Вие сте единствен пратеник што не носи маска овде на цела седница и вие ќе зборувате за мерките“, рече Филипче според кој мерките се препорачани од сите земји на ЕУ и од СЗО и таму се имплементираат.




