Пресврт во Дебар: СДСМ и ДУИ во опозиција, ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на власт

ВМРО-ДПМНЕ е во победничката коалиција со МНОЗИНСТВО во Дебар, а СДСМ замина во ОПОЗИЦИЈА, објави вечерва пратеникот Влатко Ѓорчев.



Новото мнозинство во најзападниот македонски град формирано по изборот за в.д. градоначалник е составено од 8 советници:

ВМРО-ДПМНЕ 2 советници
Алијанса на Албанците 3 советници
Беса 2 советници
ПЕИ 1 советник

Во опозиција заминаа:

ДУИ 5 советници
СДСМ 2 советници
Опозицијата: 7 советници

„Честитки до новото мнозинство во Советот на Дебар. Им посакувам да работат во интерес на граѓаните од СИТЕ националности. Нека има што повеќе проекти за народот во Дебар“, напиша Ѓорчев.

Новото локално мнозинство и новата коалиција на локално ниво во Дебар за в.д. градоначалник го избраа советникот на Алијанса на Албанците, Еуген Цами, кој во наредниве 6 месеци ќе го замени Ружди Љата, градоначалник и муфтија на ИВЗ кој почина минатиот месец.