Пресврт: Мицкоски е подготвен уште утре да се смени уставот по хрватски терк (ВИДЕО)

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е е подготвен уште утре да учествува во процедурата за смена на македонскиот устав ако се користи хрватски терк.



Во одговор на новинарско прашање дали тој би прифатил промена на уставот според хрватскиот модел како што тоа го предлагаат СДСМ и ДУИ Мицкоски бел дилема вели дека ако е тоа што го бараат Ковачевски и Ахмети уште утре ќе го поддржи ваквиот предлог.

Мицкоски вели дека ако се оди по хрватскиот модел на уставноста каде државата е на хрватскиот народ и на сите други малцинства тој веднаш би ги поддржал уставните промени при што Бугарите би биле вметнати на листата со сите други малцинства.

Целата изјава на Мицкоски