Пресуши и Дебарско Езеро!?

По алармантната состојба со Преспанското езеро, и вештачките акумулации во земјава ја губат водата.



Алармантна е ситуацијата со Дебарско Езеро , вештачкото езеро јужно од Дебар на местото каде што реката Радика се влева во реката Црн Дрим кај месноста Шпилски Мост.

Езерото е создадено со подигање на брана во висина од 102 м, која била градена во периодот од 1966 до 1968 година. Полнењето на акумулацијата завршило во 1969 година.

Дебарското Езеро е најбогатото езеро со вода од сите вештачки езера во Македонија – вкупниот волумен на акумулацијата е 520 милиони м3, а корисниот волумен изнесува 223 милиони м3 вода.

Не е јасно каде сега истекува водата – пишува „Инфомакс’.