Рускиот позициски лидер Алексеј Навални е осуден на девет години затвор откако беше прогласен за виновен за проневера на пари и непочитување на судот, јавија медиуми.
На Навални му се закануваше казна од 13 години затвор
Според пресудата, Навални ќе ја отслужи последната од низата казни на кои беше осуден во затвор со максимално ниво на безбедност.
Рускиот суд го прогласи Навални за виновен за проневера на 4,7 милиони долари, донации дадени на неговата сега забранета антикорупциска фондација.
Во изрекувањето на пресудата, судијката Маргарита Котова рече дека Навални извршил „кражба на имот од организираната група“.
Тој моментално издржува затворска казна од 2,5 години.







